Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Науката вели дека тишината е многу важна за мозокот

 
Со последните откритија на тим научници се дошло до заклучок дека тишината навистина вреди злато. Според заклучоците, таа е еден од најпродуктивните стимуланси на мозокот.

одмор на клупа


Мозокот е зависен од надворешни и внатрешни стимуланси со цел да изгради, препознае и да сумира нови информации. Овој факт ги инспирирал научниците од Дјук Универзитетот да ги истражат начините на кои мозкот гради шеми и креира нови ќелии под ефекти на аудиторијални стимуланси.

Нивната примарна цел била да докажат како различни звуци допринесуваат за структурата на мозокот. Во експериментот четири групи на глувци биле изложени на четири аудиторијални стимуланси: шумови, повици од бебе-глушец, музика на Моцарт и тишина. Сите четири имале придонес за промена во мозокот, но ниту една со трајна промена.

Невробиолозите ја користеле тишината затоа што мислеле дека нема да произведе никакви ефекти, но на нивно изненадување, со само 2 часа тишина на ден кај глушецот се произведувале нови мозочни клетки во хипоталамусот, кои станале и функционални неврони.

Ова може да биде решение на мноу состојби кои се поврзани со пад на неврогенезата во хипоталамусот како деменција и депресија, каде тишината може да биде користена како терапевтска алатка.

Во пракса, медитацијата е една од најстарите ментални вежби што се фокусира примарно на замолчување на животната средина и мозокот, а сите такви вежби се основаат на тишината. Оваа техника учи како да се произведе ефектот на тишина и како да се стиши околината со исклучување на свесните мисли.

Значи, ако продолжувате да заборавате работи, или ако сте депресивни или под стрес, обидете се да се релаксирате во мир и тишина.
 
Објавено на 16.03.2017 во категорија Наука
Подготвил: М.Д.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook