Pickbox наградна игра: Маратонски изгледај серија, напиши рецензија и освои 10 000 денари!

Pickbox наградна игра: Маратонски изгледај серија, напиши рецензија и освои 10 000 денари!

Стриминг видеотеката Pickbox ти нуди идеална работа – погледни ја серијата, напиши рецензија и заработи! Се` што треба да направиш е да го активирш Pickbox (доколку се`уште го немаш активирано), да погледнеш една од трите нови серии кои моментално се прикажуваат на Pickbox и да напишеш рецензија!



8 Pickbox правила за рецензија:

1. Одберете една од трите серии за која ќе пишувате: Billions, SS-GB или Night Manager.
2. Се бара и се наградува рецензија за секоја поединечна серија.
3. Едно лице може да се натпреварува со реценции за сите три серии, но може да освои само една награда.
4. Рецензијата мора да има минимално една страна и половина текст а максимално 4 страници текст.
5. Натпреварувањето е отворено од Четврток 16.03.2017 до понеделник 10.04.20 17 во 00.00 часот, а своите текстови ги испраќате на press@pickbox.tv
6. Тричлено стручно жири ќе ги избере најдобрите реценции до вторник, 25.04.2017, ќе ги прогласи добитниците и рецензиите ќе ги објави на pickbox.mk
7. Победничката рецензија за секоја поединечна серија се наградува со 10 000 денари.
8. Текстовите мораат да бидат изворни и необјавени и напишани на македонски јазик.

Стручно жири

Pickbox за оваа прилика пронајде 3 стручни лица кои ќе ги бодуваат рецензиите: Сребра Ѓорѓијевска, Ирина Мицов и Борис Ефтимовски.
Жирито ќе биде строго, но правично!

Премиери на серии на Pickbox

Ако веќе секојдневно “маратонски“ гледате серии, тогаш не треба премногу да ти објаснуваме дека Pickbox во својата понуда има повеќе серии – од култни, како што се Сплетки и Поаро, така и најнови, како што е Црни едра. Од премиерите кои на твојот екран се само неколку часови после прикажувањето во Америка, моментално можеш да ги следиш сериите: SS –Велика Британија (SS-GB), Милијарди (Billions), Бул (Bull), Скорпион (Scorpion), Нешвил (Nashville) и Црни едра (Black Sails).

Ако и тебе ти е мерак да гледаш предобри серии, по кои е луд цел свет, за тебе тука се: Корпорација (Incorporated), Кралско семејство (The Royals), Безмозочни (Braindead), Афера (The Affair), Г-дин.Робот (Mr. Robot), Водолија (Aquarius), Американски криминал (American Crime), Милијарди (Billions), Моќ (Power), Американска готика (American Gothic), Скандал (Scandal), Бесни кучиња (Mad Dogs), Галавант (Galavant), Исправање (Rectify), но и многу што допрва треба да воодушеват!