Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
date-icon Активен до: 22.03.2017
 

Државната комисија за спречување на корупцијата објавува оглас за вработување

 
Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на член 8-а став 1 алинеја 4 од Изборниот законик („Сл.
весник на РМ„ 6р. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16,
97/16 и 99/16), член 21 и 22 став 1 алинеја 4 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.
весник на РМ„ бр. 27/14 и 199/14), член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи („Сл. весник на РМ„ 6р. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 ,129/15 и 27/16) и Правилникот за внатрешна организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, број 022741/9 од
31 .12. 2015 година, Правилникот за систематизација на работните места во Државната комисија за спречување на корупцијата,
број 022741/8 од 31. 12. 2015 година и Правилникот за измена на Правилникот за систематизација на работните
места во Државната комисија за спречување на корупцијата 6р. 02696/3 од 18. 02. 2016 година, објавува

ОГЛАС БРОЈ 1 /2017
3A ВРАБОТУВАЊЕ НА 4 (ЧЕТИРИ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО BPEME BO ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2017
ГОДИНА ВО ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА СПРЕ7УВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА


Државната комисија за спречување на корупцијата објавува оглас за вработување 4 (четири) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2017 година за следниве работни места:

1 Советник за антикорупциска проверка на легислативата, Одделение за антикорупциска проверка на легислативата, Сектор за спречување на корупција и судир на интереси - 4 извршители.


Потребни квалификации:

Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 25. 006, 00 денари.

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Државната комисија за спречување на корупцијата на работните места за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата објавен на следниот линк https://www.dksk.mk/index.php?id=home

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Доказ за бараното работно искуство;
Фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за работното место и
Копија од уверение за државјанство.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса

ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ул. „Даме Груев, бр. 1, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за вработување,
Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот пок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 22. 03. 2017 година (среда).
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Лице за контакт:
Даниела Трајчевска
Телефон: 070/394542
email: d. trajcevska@dksk. org. mk
ДРЖАВНА КОМИСИЈА 3A СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Генерален секретар д-р Розета Трајан
date-icon Активен до: 22.03.2017
 
Објавено на 17.03.2017 во категорија Вработување
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Вработување