Нов доказ ја менува постоечката теорија за настанокот на животот на Земјата

Нов доказ ја менува постоечката теорија за настанокот на животот на Земјата

Подготвил: Б.Б.


Нејасна фотографија
(Фото: Thinkstock)

Пронајден е нов фосил кој докажува дека растенијата се постари за неколку стотини милиони години повеќе отколку што се сметаше досега.

Античките карпи во Индија покажаа дека црвените алги живееле пред 1,6 милијарди години. Ова откритие би можело да го промени мислењето на научната јавност за тоа кога се развил релативно напреден живот на Земјата, истакнаа шведските научници.

Тие идентификувале делови од хлоропласт, структура во рамките на растителните клетки кои се вклучени во фотосинтезата.

Најраните форми на живот се појавиле пред најмалку 3,5 милијарди години. Првите едноклеточни микроскопски форми на живот еволуирале во повеќеклеточни евкариотски организми.

„Фосилите на црвените алги кои ги откривме покажуваат дека напредниот облик на евкариотите (како што се растенијата, печурките, животните и луѓето) имаат подалечна историја на Земјата отколку што мислевме“, истакна Тереза Салштет од Музејот на историјата на природата во Шведска, за Би-би-си.

Научниците во централна Индија открија влакна од фосили и посложени колонии во седиментните карпи. И двете форми имаат карактеристики на модерни црвени алги, кои се некој вид на морска трева.
Најстарата позната црвена алга пред ова откритие, датираше 1,2 милијарди години наназад. Индиските фосили се постари за 400 милиони години.