Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Зборови од англискиот јазик кои често грешно ги користиме

 
Англискиот јазик е јазик кој го користат голем број на луѓе. Меѓутоа и на оние што им е мајчин јазик често пати знаат да направат грешки. Ова се најчестите грешки.

greska

Lets и Let's

Првиот е глагол во трето лице еднина, кога се додава наставката s, а вториот е кратенка од let us.

Awhile и a while


А while е именска фраза и значи „период на време“, додека awhile претставува прилог.

Affect и effect


Affect
значи влијае, додека еffect значи ефект или има ефект.

Each others и each other's


Еach others е неправилно, додека со each other's се покажува присвојност.

A и an

Само почетник би направил грешка и би ги згрешил а и an - а се користи за именки во еднина кои започнуваат на согласки, додека an се користи за именки во еднина кои започнуваат на самогласки.

Everyday и every day


Еveryday - секојдневно; every day - секој ден

You're и Your

Класична граматичка грешка - You're - Ти си; Your - Твое

Аdvice и Advise

Аdvice е именка и значи совет додека advise е глагол и значи советува.

Its и it's

Its е присвојна заменка, додека it's е кратенка од it is и значи тоа е.
 
Објавено на 17.03.2017 во категорија Образование
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook