Анџелина Џоли ќе биде професорка по економија во Лондонската школа за економија

Анџелина Џоли ќе биде професорка по економија во Лондонската школа за економија

Подготвил: М.Д.

Американската глумица Анџелина Џоли оваа есен ќе гостува како професорка на мастер курсот на престижната Лондонска школа за економија.

анџелина џоли
Фото извор: rts


Оскаровката веќе ја претставила програмата за курсот на вчерашните предавања во Центарот за жени, мир и безбедност. Пред почетокот на предавањата, Анџелина кажала пред новинарите дека е „малку нервозна“, но се надева дека сѐ добро ќе помине затоа што предавањето е „многу важно“ за неа, пренесува London Evening Standard.

Холивудската глумица и режисерка волонтерски ќе предава на магитерската програма „Жени, мир и безбедност“. Таа е позната по хуманитарната работа и е специјален пратеник на Високиот комесар на ОН за бегалци.