Новата реклама на СКОПСКО: За најубавиот народ, за Македонија...за нас!

Новата реклама на СКОПСКО: За најубавиот народ, за Македонија...за нас!

Новата реклама на Скопско е за нас. За нашите градови и села, за нашите другари, љубови и изгрејсонца... - објавува Маркетинг365

Новиот спот на Скопско ни носи оптимизам и емоции кои ги стоплуваат нашите срца. Ова е видео за нас, луѓето во Македонија, кои секогаш имаме повод за здравица и кои сме горди на тоа што сме и тоа што го имаме.

Искористени се две македонски народни песни “Море Сокол Пие“ и “Јовано Јованке”, преработени во модерен звук од Емин Џијан, а духовитиот глас на актерот Сашко Коцев на интересен начин ни ја раскажува приказната за нас, водејќи не низ малите сокаци, улички, села и градови во Македонија кои не би ги менувале за ништо на светот.

Скопско уште еднаш потврди дека е автентичен бренд, кој секогаш инспирира!“За славите кои траат по три дена и три ноќи, за комшиите неразделни ко браќа, за келнерите кои не` знаат по име и свирачите кои не` знаат по душа…за нашиот народ, за земјата која не би ја менувале за ништо! “