Данска воведува нова политичка функција - дигитален амбасадор

Данска воведува нова политичка функција - дигитален амбасадор

Подготвил: Маја Пероска

Данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен, заклучил дека е потребно да се воспостават посебни канали за комуникација со компаниите кои се финансиски посилни од многу држави и дека директните врски се исклучително важни за остварување на обострана корист.


Технолошките компании во моментов се многу моќни и влијателни, па Данска одлучила така и да ги третира. Премиерот Ларс Леке Расмусен објавил дека ќе именува нов дигитален амбасадор за комуникација со некои од најголемите светски технолошки компании, како што се „Google“, „Microsoft“ и „Apple“.

Данска е прва земја на светот која донела одлука за ваков чекор. Уште не е познато кој ќе биде првиот дигитален амбасадор. Дел од неговите задачи ќе биде лобирање заради класичните инвестиции. Данска е веќе во тоа успешна, бидејќи „Facebook“ и „Apple“ најавиле изградба на гигантски центри во земјата.

Самуелсен смета дека оваа нова функција ќе биде голем успех за Данска и дека многу земји ќе ја копираат нивната идеја.