Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Научете ги децата да станат лидери на иднината

 
деца

Постојат многу истрaжувања поврзани со предностите на социјалното и емоционалното учење и благодетите кои произлегуваат од нив во развојот на детето. Но, што кога станува збор за поврзаноста со лидерството?

Според „Collaborative for Academic, Social and Emotional Learning“, добрите социјални и емоционални вештини може да се развијат во училиштата и училниците на многу начини, вклучувајќи и преку можности за лидерство. Сето ова доаѓа во време кога лидерите во образованието и бизнис заедницата не мислат дека правиме доволно во учењето на децата за лекциите по лидерство.

Голем број истражувања откриваат дека учењето лидерство и обезбедувањето можности за учениците да водат, им помага во личните и социјалните вештини кои се во побарувачка.

Затоа, ова се неколку можности за учење на лидерство кај учениците.

Ставете ги да бидат главни -
Вклучете ги учениците во можности за лидерство во училницата - од водење на дискусија до делење на тестови. Експертите велат дека ваквите видови на можности треба да станат дел од процедурите во училницата. Активностите во кои е вклучено детското лидерство во училницата може да им помогне на учениците кога наставниците од нив бараат одредена активност со цел да ја оценат нивната одговорност.

Покажете ги вашите лидерски вештини
- Разговарајте со учениците за тоа зошто очекувате одредено однесување или како го организирате вашиот клас како негов лидер. Објаснете како функционира лидерството и споделете ги најдобрите совети во врска со него.

Обезбедете добар избор - Редовно разговарајте за доброто лидерство - без разлика дали тоа е подетална критика за тоа зошто одреден лидер успеал или разговор за лидерството кое директорот на училиштето треба да го покаже - или пак родителите на учениците или нивните тренери. Дадете задача секој ученик да пронајде по еден лидер. Разговарајте за квалитетот на лидерството кај личностите.

Овозможете им лидерски лекции. Обајснете им што е лидерството и зошто е вредно како животна вештина и во кариерата.

Натерајте ги да инвестираат во подобрување на училишната култура - Пронајдете начини учениците да ја променат училишната култура со тоа што се лидери. Предизвикајте ги да го запрат исмејувањето, да подигнат повисока свест за екологијата или да промовираат сфаќање на учениците од другите култури. Наградете ги доколку успеат да се снајдат во нивните лидерски вештини.

Вклучете ги во воннаставни активности -
Воннаставните активности им овозможуваат на учениците да бидат поттикнати. Вклучете повеќе ученици во помали групи и поттикнете ги да развијат лидерство во групата, а потоа и на училиште.

Дајте им простор
- Кога на учениците им се дадени лидерски можности, тогаш треба да им биде дадена и слобода да се борат, па дури и да не успеат, но секако, и да бидат поддржани. Експертите велат дека не постои подобра лекција од неуспехот.
 
Објавено на 19.03.2017 во категорија Образование
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Образование