Причината поради која оваа птица не може да престане да се гледа себеси

Причината поради која оваа птица не може да престане да се гледа себеси

Подготвил: Тамара Гроздановски

птица

Сите сакаме да се восхитуваме со себеси на огледало од време на време, меѓутоа постои птица од видот „Bush stone-curlew“ во Австралија која развила еден вид опсесија, гледајќи го сопствениот одраз со часови. Прилично смешно, нели?

Птицата била фотографирана на почетокот на неделата пред зграда на Универзитетот во Квинсленд, а фотографот Ник Вигинс од „ABC News“ ја објавил фотографијата на „Twitter“, која за брзо време се раширила низ интернетот, па доби и своја страна на „Facebook“.

Keјтлин Рејнор, волонтер во „Wildcare Australia“ вели дека ова ечудно но често однесување на овој вид на птица.

Навистина, овој вид на птица е познат по нивното опсесивно однесување кон нивниот одраз. Кевин Џ.МекГован, биолог во лабораторијата Корнел вели дека ова е варијација на друг вид невообичаено однесување, кога птиците се борат со сопствениот одраз.

„Птиците не го препознаваат нивниот одраз и не знаат дека се тие, туку мислат дека е друга птица. Северните кардинали се птици кои се особено познати по тоа што го напаѓаат сопствениот одраз на прозорците и огледалата од автомобилите“, вели тој.

Додека за овој вид на птица тој вели дека се познати како ноќни птици, кои обично престојуваат во високо камуфлирани површини и се кријат во текот на денот.

„Зјапањето и стоењето е нормално за нив, меѓутоа не е јасно зошто оваа птица стои и во текот на денот. Не е сосема јасно и што сака таа да направи со нејзиниот одраз“, додава тој.

Научниците велат дека најдобро е птиците да се остават на мир. На крајот, ќе им помине нивната опсесија. Но, ако ова стане постојан проблем, постојат решенија како на пример покривање на прозорецот со постери за да исчезне одразот на птицата.