Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Темната страна на емоционалната интелигенција

 
temna
Фото извор: Profimedia

Кај некои професии, да се биде „во допир со емоциите“ е доста популарна фраза, и секако оваа карактеристика може да биде доста важна. Кај другите, тоа може да биде од повеќе. Како и со останатите вештини, да се умее да се читаат другите може да се употреби и злоупотреби.

Некои од најголемите моменти во историјата на човекот се формирани од емоционалната интелигенција. Кога Мартин Лутер Кинг зборувал за неговиот сон, тој зборувал на јазик од кој се топеле срцата на слушателите.

Да се пренесе ваква порака потребна е емоционална интелигенција и способност да се препознаат, сфатат и да се управува со емоциите. Кинг демонстрирал извонредна вештина во управување на сопствените емоции, што ја поттикнувало неговата публика на акција. Тој на луѓето им давал совршена доза на причина и емоции, надеж и бес. Неговиот тон на болно огорчување се преклопувал со оној на публиката.

Препознавајќи ја силата на емоциите, вториот највлијателен лидер на 20-от век поминал години во проучување на емоционалните последици од говорот на неговото тело. Вежбајќи гестови, мавтање со рацете и анализирајќи го одразот на своите движења, тој станал апсолутно магичен говорник. Неговото име е Адолф Хитлер.

Откако книгата „Емоционална интелигенција“ на Даниел Големан станала бестселер во 1995 година, за неа се зборувало постојано. Лидерите, креаторите на политиката, едукаторите - сите ја користат емоционалната интелигенција како решение за широк спектар на социјални проблеми. Доколку можеме да ги научиме децата да управуваат со емоциите, аналогија е дека ќе има помалку злоупотреба, а повеќе соработка. Доколку можеме да ја зацврстиме емоционалната интелигенција помеѓу лидерите и докторите, ќе имаме многу поголема колегијалност и грижа на работното место, и многу подобра здравствена нега. Емоционалната интелигенција денес се предава ширум светот во средните училишта, училиштата за бизнис и медицина.

Таа е многу важна, но ентузијазмот што го носи ја фрли во сенка нејзината темна страна. Новите докази покажуваат дека луѓето кои имаат одлична емоционална интелигенција, стануваат подобри во манипулирање со другите. Кога сте добри во контролирањето на сопствените емоции, не можете да ги скриете вашите вистински чувства. Кога знаете што другите чувствуваат, тоа можете да го искористите и да ги мотивирате да работат спротивно на сопствените интереси.

Науката започна да ја документира темната страна на емоционалната интелигенција. Како што покажа истражувањет од Кембриџ, кога лидерот држи инспиративен говор кој е полн со емоции, публиката помалку ќе ја проучува пораката и помалку ќе ја помни. Иронично, испитаниците тврдат дека публиката е толку трогната од говорот што мора подолго време да се сети на него.

Авторите ова го нарекуваат неверојатен ефект, но може да се нарече опоен ефект или ефект на шок. Еден набљудувач тврдел дека убедливоста на Хитлер и влијанието доаѓале од неговата способност стратешки прецизно да ги изразува емоциите - можел пред сите да го отвори срцето.

Лидерот кој го совладал раководењето на емоциите може да го „помати“ разумот на вработените. Новите докази покажуваат дека во рацете на луѓето кои имаат себични мотиви, емоционалната интелигенција станува оружје за манипулација.

Осветлувањето на темната страна на емоционалната интелигенција е мисија на истражувачкиот тим од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Како што вели лидерот на истражувањето, Мартин Килдафа, емоционалната интелигенција им помага на луѓето да прикријат цел сет на емоции, но да изразуваат други кои им одат во корист. Емоционално интелигентните луѓе намерно ги обликуваат сопствените емоции за да фабрикуваат позитивни впечатоци за себе.

Зборувајќи за тоа дека емоционалната интелигенција е клучна за работното опкружување, веројано тргнавме во погрешна насока. Наместо да претпоставиме дека емоционалната интелигенција секогаш е корисна, треба многу повнимателно да размислуваме за тоа каде е и важна.
 
Објавено на 19.03.2017 во категорија Култура
Подготвил: Тамара Гроздановски
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook