Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

ЦИА користи игри на табла како алатки за тренинг

 
Иако работата во ЦИА е сериозна не значи дека оперативците од агенцијата не знаат како да се забавуваат додека си ги унапредуваат способностите. ЦИА користи специјално дизајнирани игри со табли и карти за да ги тренира вработените.

игра
Фото извор: Istock/mentalfloss.com


Успехот во овие игри зависи од тимската работа.

Играта што се игра во ЦИА изгледа слично на нешто што го има во продавниците. “Collection” е како “Pandemic” во која играчите треба да сораборуваат за да решат глобални кризи. Играта “Collection desk” пак, е игра со карти во која се собираат владини информации од политичка важност.

“Kingpin: The Hunt of El Chapo” е  игра за „пронаоѓање на бегалец од правдата, кој, ако не се најде порано или подоцна ќе повреди невини луѓе и ќе им наштети на интересите на САД“ според едукаторот за интелигенција на ЦИА и ко-дизајнер на играта Волко Рунке.

Владините агенции ги користат игрите со табли како стратешки алатки со векови. Пред Ризик да биде објавена во 1957, “Kriegspiel” била омилена игра на пруската војска во 19 век. Слична игра била користена од јапонските сили за напад на Перл Харбор.

Без разлика дали гонењето на Ел Чапо Ви звучи како добра идеја, нема да бидете во можност да ги играте овие игри. Тие на кратко се споделувани со јавности за време на специјален настан на годишен фестивал во Остин, Тексас.
 
Објавено на 20.03.2017 во категорија Живот
Подготвил: М.Д.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook