Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Меѓународен ден на среќата: Македонците се на 92. место

 
Норвешка е прогласена за најсреќна земја во светот според извештајот на Обединетите нации. Земјите од Скандинавскиот полуостров кои беа на четврто место во минатогодишниот извештај, оваа година се на врвот врз основа на повеќе калкулации за мерење на социјалната среќа.

рака и мече


Во нив спаѓаат нивото на грижа, слободата да се донесуваат одлуки, дарежливоста, доброто владеење, чесноста, здравјето и приходите.

Други фактори со помош на кои се рангирани 155 земји во светот се вработувањето, нееднаквоста во приходите, животниот век, БДП по жител, јавната доверба и социјалната поддршка.

По Норвешка на листата следуваат Данска, Исланд, Швајцарија и Финска. Од земјите во регионот Хрватска е на 77 место, Косово веднаш по неа, Црна Гора на 83, Босна и Херцеговина на 90 место, Бугарија на 105, Албанија на 109, а Србија на 73. Македонија е на 92 место на листата.

Од минатата година САД е падната за едно место подолу, од 13 на 14, Австралија е на 9, Германија на 16, Русија на 49, а Кина на 79 место. На последно место во извештајот стојат Централноафриканската Република, Бурунди, Танзанија, Сирија и Руанда.

Истражувачите истакнале дека иако за среќата се потребни и пари, во одредени моменти тие сепак не можат да ја купат.

Овогодишениот извештај годинава се фокусира и на среќата на работното место. Истражувањето открива дека таа се разликува ако се земе предвид работниот статус, типот на работа и индустрискиот сектор.
 
Објавено на 20.03.2017 во категорија Култура
Подготвил: М.Д.
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Препорачани вести од Facebook