Огромен напредок во борбата против најголемиот убиец - инфарктот

Огромен напредок во борбата против најголемиот убиец - инфарктот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Иновативен нов лек може да ги спречи срцевите удари - лекот го намалува нивото на лошиот холестерол до неверојатен степен.

удар
Фото: Getty images

Резултатите од големо меѓународно истражување на 27.000 пациенти значи дека лекот наскоро би можел да го користат милиони луѓе.

Околу 15 милиони луѓе секоја година умираат од срцев или мозочен удар. Лошиот холестерол е негативецот во светот на срцето - доведува до запушување на крвните садови со што фатално се изгладнува срцето или мозокот останува без кислород. Ова е причината зошто луѓето земаат дроги со цел да ја намалат количината на лош холестерол.

Но, новиот лек наречен „еволокумаб“ го менува начинот на кој функционира црниот дроб за да го намали лошиот холестерол.

„Ова е многу поефикасно од статините“, вели професор Питер Север, од Кралскиотт колеџ во Лондон.

„Крајниот резултат беше тоа што нивото на холестерол опадна - а ова беше ниво на холестерол кое беше доведено до пониско од било што друго што се практикувало во медицината“, вели професорот Север.

Пациентите од испитувањето веќе земале статини, а сепак ризикот бил далеку понизок со земање на новата терапија.

„Имаат уште 20% во намалување на ризикот и тоа е голем ефект. Ова е најважниот резултат кој покажува намалување на холестеролот во период од 20 години“.

Наодите се објавени во списанието за медицина „New England“. Истражувањето покажа дека срцевиот удар или мозочниот удар бил спречен кај 74 пациенти кои го земале лекот во испитување кое траело две години.

Наскоро ќе се дознае дали лекот може да спасува животи.

Како функционира?


Лекот е антитело исто како сите оружја кои ги користи имунолошкиот систем за да се бори против инфекции. Сепак, дизајниран е да таргетира протеин во црниот дроб под името „РСЅК9“. На крајот, лекот го подобрува органот со што го уништува лошиот холестерол од крвта и го разредува.

Други истражувања покажуваат дека ваквите антитела ги намалуваат нивоата на холестерол до 60%, а „Amgen“ не е единствената компанија која го разгледува пристапот.

„Секако дека нема да ги заменат статините, бидејќи постојат луѓе со доста висок холестерол така што луѓето со доста висок холестерол ќе треба да пијат повеќе од еден лек за да го намала нивото во крвта“, вели професорот Север.