Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Пристигнува пролетта и летното сметање на времето

 
По досадниот јануари преку кој температурите беа под нулата, февруари кој ретко нуди нешто интересно, како и нестабилната прва половина на месец март, со нетрпение се очекува најсреќниот ден во годината.


Пролетта официјално доаѓа во понеделник на 20 март, во 11 часот и 19 минути. По ниските температури, затоплувањето е и повеќе од добредојдено.

Пролетта е период во годината кога тревата расте сама од себе, примамува со мирисот на цвеќиња. Познатиот Душко Радовиќ има напишано: „Се поблиску сме до пролетта. Не толку ние до неа, колку таа до нас. Кога пролетта не би доаѓала сама, никогаш не би стигнале до неа“.

Следниот викенд, пак, односно ноќта помеѓу 25 и 26 март, се преминува во летното сметање на времето. Тогаш часовниците се поместуваат за еден час напред, што значи дека тој ден ќе спиете пократко.
 
Објавено на 20.03.2017 во категорија Живот
Подготвил: Маја Пероска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook