Сега можете да изнајмите лажни пријатели за фотографирање

Сега можете да изнајмите лажни пријатели за фотографирање

Подготвил: Тамара Гроздановски

fb
Фото: Pixabay.com

Една јапонска компанија неодамна на пазарот понуди услуга со која на корисниците им овозможува да изнајмат лажни пријатели кои ќе се фотографираат со вас со цел да објавувате слики од пријатели на социјалните мрежи.

Услугата наречена „Real Appeal“ ја создаде компанијата „Family Romance“ за корисниците да ги покаже во подобро светло на „Instagram“ или „Facebook“. Може да се избере помеѓу многубројните лажни пријатели кои се собрани во каталог и сортирани според возраст, пол или модниот стил. Сето тоа за на светот да му покажете дека имате многу пријатели и богат социјален живот.

Лажните пријатели за фотографијата можат да глумат и ваша нова љубов или симпатија - што и да ви е потребно. Личноста можете да ја изнајмите најмалку на два часа за околу 57 фунти.

Иако експертите велат дека времето поминато на социјалните мрежи нè прави уште поосамени, за многу луѓе „Facebook“ и понатаму е одличен извор на забава и дружење.