„Sony“ со патентиран метод за преземање енергија од друг уред преку „wi-fi“

„Sony“ со патентиран метод за преземање енергија од друг уред преку „wi-fi“

Подготвил: Маја Пероска

Сигурно често практикувате поврзување на Интернет преку „wi-fi“ кога сте на гости кај пријателите. Според новиот патент на „Sony“, компанијата сега овозможува „крадење“ на енергијата од телефонот на вашиот пријател, без притоа да употребите кабел.


Компанијата долго време ја поддржува „wireless“ технологијата, а сега со овој патент имаат за цел да ги прошират способностите на нивните уреди. Сепак, нема детали за тоа колку овој новитет добро функционира. Бидејќи се работи за ниска енергија за пренесување податоци, телефоните би требало да бидат многу блиску еден до друг за да се создаде конекција.

Со други зборови, иако овој потег за преземање на енергијата од други уреди е навистина возбудлив, сепак треба уште да се поработи на технологијата.