Градови во Европа кои можете да си дозволите да ги посетите

Градови во Европа кои можете да си дозволите да ги посетите

Подготвил: М.Д.

Ако сметате дека не можете да си дозволите да посетите некоја европска метропола кога ги гледате Вашите пријатели на социјалните мрежи како споделуваат фотографии од истите, можеби е време да размислете уште еднаш.

брисел
Фото извор: LonelyPlanet


Европа има што да понуди. Од пристаништата во Јужна Франција, до неверојатната архитектура во Шпанија, замоците во Германија и Алпите во Швајцарија, навистина има што да се види. Изборот на храна кој се нуди само ги збогатува патувањата низ стариот континент.

Севиља, Шпанија

Севиља е родното место на фламенкото каде ќе можете да го гледате бесплатно во познатите барови низ градот. Ако одите во април може да присуствувате и на фестивалот “Feria de Abril”.  Не пропуштајте ја архитектурата во овој културен центар. Ако ја посетите катедралата во недела до 14.30 часот влезот ќе Ви биде бесплатен.

Порто, Португалија

Сместувањето во Порто се обично евтини и чинат помалку од 20 долари. Тој е втор по големина град во Португалија и е заштитен од УНЕСКО. Има огромно историско наследство кое вреди да се види, а најдобриот дел е што голем дел од знаменитостите се бесплатни. Не заборавајте да го пробате локалното вино.

Берлин, Германија

Иако е тешко да поверувате, главниот град во Германија е со пристапни цени. Удобна соба за двајца чини 25 долари, а вечера во ресторан од 8-16 долари. Овде не само што може да ги почувствувате вибрациите на жителите, туку ќе најдете и богат избор на храна, а пиво е најдобро да пиете во часовите со попусти. Берлин изобилува со музеи, а секако не треба да го пропуштите и Берлинскиот Ѕид.

Талин, Естонија

Талин е меѓу поевтините градови во Европа. Соба со двоен кревет ќе Ве чини 20 долари, а вечерата од 7 до 14. За да уживате во градот појдете во Томпеја Хил и уживајте ги погледите на градот бесплатно. Исто така не заборавајте да го посетите и Стариот град.

Прага, Чешка

Во Прага за двокреветна соба ќе платите 20 долари, а за вечера ќе треба да одвоите од 6 до 10 долари. Не пропуштајте да го посетите замокот во градот што ќе ве чини 10 долари. Посетете ја и Националната галерија во која се чуваат најголемите дела од земјата, каде по 16 часот влезот е поевтин.

Краков, Полска

Во Краков се најниски трошоците за живот од градовите во Западна Европа. Посетете го Стариот град кој изобилува со споменици и цркви. Овде има и бесплатни тури од гравниот плоштад до логорот Аушвиц.

Брисел, Белгија

Удобно сместување во градот ќе најдете и за 20 долари, а за вечера ќе платите од 9 до 17 долари. Посетете ги најстарите музеи за да ги видете најважните дела во светот. Големата палата и Палатата на правдата се дел од архитектурата која мора да ја видите. Исто така има и бесплатни пешачки тури по некои познати улици.

Гранада, Шпанија

И овде сместувањето е 20 долари, а вечерата од 9 до 16. Овде мора да ја посетите историската палата Алхамбра која е изградена во арапски стил. Билетите се распродаваат брзо, па обезбедете си на време. Посетете ја и Катедралата на Гранада, која е втора по големина во земјата, како и Кралскиот Шапел. За сите знаменитости се плаќа влез под 5 долари.

Сплит, Хрватска

Соба за двајца со поглед овде чини 30 долари. Посетете ја Кулата Кампенил Бел кулата за да уживате во погледите на градот. Вечерата ќе Ве чини од 7 до 14 долари, а она што треба да го пробате е морската храна.