Неверојатно видео од атмосферата на Марс

Неверојатно видео од атмосферата на Марс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ако еден ден се најдете во летало кое кружи околу Марс, не очекувајте дека ќе имате добар поглед кон планетата. Атмосферата на Марс е полна со прашина која веројатно ќе го прикрие секој прозорец.

1

„Најдобриот начин за да ја видите површината на планетата е да направите дигитална слика и да ја подобрите на вашиот компјутер“, вели Алфред Мекјуан, планетарен истражувач и геолог како и примарен истражувач на обработка на слики со висока резолуција на научниот експеримент со висока резолуција на НАСА. Во изминативе 12 години, неверојатната „HiRISE“ камера направила 50.000 спектакуларни фотографии од орбитата на Марс, со висока резолуција, создавајќи анаглифи кои може да се гледаат во 3D со специјални очила. Деталните стереограми ја прикажуваат површината на планетата во извонредни детали - меѓутоа 3D очилата не се секогаш при рака, па така фотографиите не можат да ја покажат различната топографија на Марс.

За целосно да го доживеете пејзажот на Марс, потребни се димензија и движење. Во видеото подолу, финскиот кинематографер Јан Фројдман ги претвори „HiRISE“ фотографиите во динамичен, три-димензионален поглед на Црвената планета - без да се потребни очила.