Еве како изгледал обичниот човек пред 700 години

Еве како изгледал обичниот човек пред 700 години

Подготвил: М.Д.

Реконструкција на лицето на човек кој умрел во Кембриџ пред повеќе од 700 години открива дека изгледал пријатно, можеби како професор по географија или социјален работник кој ги посетувал старите лица за разговор во слободното време.

лик
Dr Chris Rynn, Dundee University


Се верува дека зад ликот се крие бездомник, а неговото тело било пронајдено во болницата Св. Јован Богослов, која згрижувала лица кои немаат каде да престојуваат. Неговиот скелет покажувал знаци дека живеел тежок живот пред да умре на 40 години.

„Не можеме да кажеме каква работа извршувал, но бил дел од работничката класа, можеби во некаква трговија,“ изјавил професор Џон Раб од универзитетот во Кембриџ.

Интересно е пто имал исхрана богата со месо и риба што значи дека можеби работел токму со такви производи. Анализи на неговите заби покажале дека кога бил млад бил сериозно болен или гладувал.

Задниот дел на черепот покажал дека има доживеано тежок удар, што предизвикал штета која зараснала додека да почине.

„Ние сме заинтересирани за него и за луѓе како него како на начини на кои тие не се необични, бидејќи претставуваат средновековно население за кое е многу тешко да се учи. Скелетите како овој се наша шанса да научиме нешто за тоа како живееле сиромашните,“ изјавил професорот.

Човекот познат како “Context 958”, бил меѓу 400 целосни скелети пронајдени на гробишта меѓу 2010 и 2012 што датираат од 13 до 15 век.