Оглас за вработување во Центарот за стручно образование и обука - Скопје

Оглас за вработување во Центарот за стручно образование и обука - Скопје

Врз основа на член 37 од Законот за стручно образование и обука (Службен весник на Р.Македонија бр.71/06,117/08,148/09,17/11, 24/13,137/13, 41/14, 145/15 и 55/16) и член 18 од Правилникот за видовите на авторските трудови и другите интелектуални услуги и критериумите, начинот на изборот, висината на авторските надоместоци и бројот на членови во стручнитетимови на Центаротза стручно образование и обука бр.01-401/10, 01-1028/12 и 01-977/15 Центарот за стручно образование и обука - Скопје распишува

КОНКУРС
за избор на надворешни соработници за стручна работа на Центарот за стручно образование и обука - Скопје

1. Центарот за стручно образование и обука Скопје, распишува конкурс за избор на надворешни соработници за следните стручни работи:


1.1 По еден наставник од средно стручно училиште од соодветна струка, за изработка на предлог прашања и одговори и нивен внес во системот за екстерното проверување на постигањата на учениците, односно замена на 20% од постојните прашања по стручните предмети за не завршните години за следните струки:

-    ГЕОЛОШКО-РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА
-    ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
-    ГРАФИЧКА СТРУКА
-    ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
-    ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
-    ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА
-    ЛИЧНИ УСЛУГИ
-    МАШИНСКА СТРУКА
-    СООБРАЌАЈНА СТРУКА
-    ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА
-    УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА
-    ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА
-    ШУМАРСКО-ДРВОПРЕРАБОТУВАЧ КА СТРУКА
-    ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
- СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА

1.2 Превод на прашањата и одговорите од македонски јазик на албански и на турски јазик.

2. За точката 1.1 право да конкурираат имаат наставници од средните стручни училишта кои ги исполнуваат и следните услови:
• да имаат најмалку три години работно искуство во стручното образование за соодветната струка за изработка на документи.

За точката 1.2 право да конкурираат имаат кандидати со завршено високо образование од соодветната област и одлично познавање на македонскиот јазик и јазикот на кој се преведува текстот.

Со кандидатот кој ги исполнува условите и биде избран за надворешен соработник, ќе биде склучен договор и истиот е должен да потпише и Изјава за тајност.

Кандидатот треба да достави пријава во која точно ќе биде наведена позицијата, наставниот предмет и струката за кој се пријавува како и документација за исполнување на условите кои се наведени во овој конкурс.

Пријавите кои ќе бидат некомплетни и ненавремени, нема да се разгледуваат.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето а ќе се објави во дневните весници Дневник и Коха .
Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Центарот за стручно образование и обука Скопје, или по пошта на адреса: бул. Гоце Делчев бр.18. Скопје, п.фах 290.

Центар за стручно образование и обука Скопје