Оглас за вработување во Македонски Бизнис Системи (МБС)

Оглас за вработување во Македонски Бизнис Системи (МБС)

Junior .NET Developer

Македонски Бизнис Системи (МБС) има потреба од проширување на својот тим со 2 млади и амбициозни лица кои сакаат да работат на развој на нови софтверски решенија. Вработените ќе имаат можност да соработуваат со голем број институции и компании кои долги години се дел од нашата клиентска листа.


Работна позиција: Апликативен програмер

Работни задачи и одговорности:
• Анализа, дизајн и развој на комплексни софтверски решенија примениливи во институции, банки и компании
• Имплементација на развиена апликација (соработка со тимот задолжен за инсталации и обуки)
• Ажурирање и оптимизација на постоечки кодови
• Работни активности во координиран тим
• Индивидуална работа
• Комуникација со клиенти
• Поддршка при креирање на спецификација на софтверските решенија кои ги нудиме

Потребни квалификации:
• Завшрено високо образование од областа на информатичка технологија
• Напредно познавање на : ASP .NET, MVC/Web forms ; Microsoft SQL Server ; HTML, CSS, Java Script
• Основно познавање на AngularJS (опционално)
• Англиски јазик
• Возачка дозвола

Сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на следната меил адреса: career@mbs.com.mk

Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.