Планот „X“ - трик кој секој родител треба да го научи своето дете

Планот „X“ - трик кој секој родител треба да го научи своето дете

Подготвил: Тамара Гроздановски

икс план

Со години работам со деца, тинејџери кои се лекуваат од различни болести на зависност. Еден ден им поставив едно едноставно прашање: „Колку од вас некогаш се нашле во ситуација кога не се чувствувале пријатно и кога од вас се очекувало да направите нешто, а не сте знаеле како да го избегнете тоа?“

Сите кренаа рака. Сите!

До некаде, тоа можам да го сфатам. Кога ќе се најдете во друштво на бунтовни тинејџери, најпопуларни во училиште, кои со криење палат цигара во училишното ве-це и ви даваат да тргнете од цигарата, тешко е да одбиете, колку и да сакате. Кој смее да ризикува да го отфрлат, малтретираат, да го исмејуваат? Кој смее да каже - не, јас тоа не го сакам?

Секако, тоа треба да е одговорот, но ако само за момент се вратите во вашите тинејџерски денови, ќе знаете колку е тешко.

Планот „X“

Токму поради овие причини, во моето семејство сега постои нешто што го нарекуваме План „Х“. Овој едноставен, но моќен трик е нешто кое нашите деца имаат право да го искористат секогаш кога ќе посакаат. Еве како функционира.

Да речеме дека моето најмладо дете, Дени, оди на журка. Ако во некој момент се најде во ситуација која не му е пријатна, сè што треба да направи е да испрати порака со текст „Х“ на било кој од нас (мајка, татко, сестра, брат). Оној кој ќе ја прими пораката има доста едноставна задача. Треба што поскоро да му се јави. Кога ќе се јави Дени, треба да му го каже следното:

„Ало?“
„Дени, нешто се случи и морам да дојдам по тебе“.
„Што се случи?“
„Ќе ти кажам кога ќе стигнам. Биди подготвен за 5 минути, тргнав по тебе“.

Дени тогаш на пријателите им кажува дека нешто се случило дома, дека тргнале по него и мора да ја напушти журката.

Накратко - Дени секогаш има излез. И секако, нема притисок ниту страв дека ќе биде изложен на исмејување од страна на друштвото.

Но, треба да знаете - планот „Х“ има една, условно кажано, маана. Кога родителот ќе оди по своето дете, тоа може но и не мора да каже што се случувало на забавата. Нема притисок, нема осуда, нема карање. Сè останува на него. Нема поставување прашања. Ова за некои родители ќе биде тешко да се исполни, но изградбата на самодоверба во односот родител-дете не е работа која се завршува преку ноќ. Секако, исклучок од правилото е ако детето или пријателите се во животна опасност. Тоа не смее да се премолчи.

Предлагам да го воведете правилото на користење на планот „Х“ во вашиот дом.