Времето денес и прогноза за викендот што следува

Времето денес и прогноза за викендот што следува

Денес е четврток, 23 март 2017 година, 82-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:27, а ќе зајде во 17:52 часот. Денот ќе трае 12 часа и 25 минути.

САТЕЛИТСКА СЛИКА – Во утринските часови во Македонија преовладува претежно ведро и топло време, само во крајните западни предели имаме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло, попладне појава на локална облачност и ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност. Слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните температури ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево, попладне појава на локална облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во петок сончево и надпросечно топло. Утринските температури од 3 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 26 степени. Во сабота претпладне претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста која што во северозападните, западните и југозападните предели ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Утринските температури од 4 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 16 до 25 степени. Во недела претпладне претежно сончево попладне зголемување на облачноста и топло време. Минималните температури од 3 до 9 степени, додека пак максималните дневни во благо опаѓање и ќе достигнат до 14 односно до 23 степени.

Weather4all.com.mk