Британски ученик открил грешки во податоците на НАСА

Британски ученик открил грешки во податоците на НАСА

Подготвил: Тамара Гроздановски

наса грешки
Фото: Matt Stroshane/Getty Images

17 годишен ученик од Шефилд откри дека сензорите за зрачење на Меѓународната вселенска станица снимале неправилни податоци.

Грешката била пронајдена како дел од проектот „TimPix“, од Институтот за истражување во училиштата. Со овој проект, учениците од Британија имаат шанса да ги разгледаат податоците од Меѓународната вселенска станица и да пронајдат грешки во нив.

Ученикот Мајлс вели дека пронашол грешни отчитувања во табелата добиена од сензорите за зрачење.

„Им испратив меил на НАСА, а тие изјавија дека ќе ги разгледаат графиконите кои ги направив“, вели Мајлс.

НАСА изјави дека е свесна за грешката, меѓутоа напомена дека ваквите грешки се прават еднаш до два пати годишно, што е спротивно на она што го пронашол Мајлс - грешки повторувани неколку пати на ден.

„Моите колеги во НАСА велат дека го средиле проблемот“, изјави професорот Лари Пинкси од Универзитетот во Хјустон. Тој додава дека тие ја ценат поправката од Мајлс и не се воопшто усрамени поради целата ситуација.