Дали новите забрани за големи електронски уреди ќе го направат летањето во авион побезбедно?

Дали новите забрани за големи електронски уреди ќе го направат летањето во авион побезбедно?

Подготвил: М.Д.

Одделот за внатрешна безбедност на САД неделава ги забрани големите електронски уреди во авионите од 10 аеродроми на Блискиот Исток. Слична политика има усвоено и Обединетото Кралство, а истото го најавува и Канада.

авион


Листата на уреди вклучува лаптоп компјутери, таблети, е-читачи и преносливи ДВД плеери. Овие уреди се забранети поради стравот дека можеби во нив се кријат експлозиви. Според Грег Фејт, консултант за воздухопловна безбедност, еден од клучните варијабили во ефикасноста на правилникот за безбедност е во безбедносната процедура на проверениот багаж на секој аеродром. Имено, не треба да се проверуваат торби по избор, туку секој што носи уреди. Така ќе се зголеми безбедноста.

Еден голем недостаток на оваа регулатива е можниот ризик за губење на податоци кои ги содржат уредите кои се често повредни и од самите уреди. Многу од овие уреди содржат батерии кои се забранети. Значи ако патникот донел дополнителна батерија ќе мора да ја носите во рачниот багаж, додека уредот е со останатиот багаж.

Воздухопловната индустрија сѐ уште се обидува да се справи со пожари предизвикани од литиум-јонски батерии.

Друга точка во однос на овој правилник е фактот дека паметните телефони се дозволени во кабините. Сепак, се смета дека повеќе експлозивен материјал би можел да се смести во поголемите уреди.

„Секако, може да спакувате мобилен телефон со доволно експлозив за да направите некоја штета. Но прописите за течност во авионите се поинакви. Доволни се три унци за да се направи хаос, но не и за да се урне авионот“, вели Грег Феит, консултант за безбедност во воздухопловството.