Демографски анализи на Фејсбук откриваат изненадувачки вистини

Демографски анализи на Фејсбук откриваат изненадувачки вистини

Подготвил: М.Д.

Две третини од глобалната публика го користи фејсбук секој ден, а 94% од активните корисници доаѓаат до платформата преку мобилните уреди. Но, не кажуваат интересни приказни само големите бројки.

социјална мрежа


Демографските анализи покажуваат изненадувачки резултати за родот и возраста што имаат критични последици за бизнисите кои го користат Фејсбук за маркетинг и ангажирање во заедницата.

На социјалната мрежа 56% се машки корисници, а 44% се активни жени. Ако почнат да се анализираат по возраст нештата стануваат уште поинтересни. Младите се сѐ уште најбројна група, и тоа 18-годишниците.


фејсбук 1
Фото извор: The Next Web

фејсбук 3

Фото извор: The Next Web


Возраста е повеќе од број

За фактот дека има најмногу 18- и 21-годишници има други претпоставки. Можеби корисниците сакаат да истакнат дека се на „легална“ возраст во нивната земја, а постарите генерации можеби ги користат овие броеви за да изгледаат помлади.

Корисници и луѓе

Податоците на Фејсбук корисниците споредени по возраст и род на соодветните податоци за глобалната популација на секоја возраст резултирале во следните табели:


табела-1
Фото извор: The Next Web

табела 2
Фото извор: The Next Web


Од табелите јасно се гледа дека има повеќе 18 годишни машки кои ја користат социјалната мрежа отколку што има вкупно на земјата. Ова значи дека барем 1 во 11 од 57 милиони профили за кои стојат имиња на мажи мора да содржат лажни информации.

Последици

Особено е важно да се забележи дека овие аномалии најверојатно не се предизвикани од проблеми во системот, или на погрешно толкување на податоците при анализите. Веројатно е дека самите корисници кажуваат погрешна возраст од нејасни причини. Фактот дека поголема е бројката на машки профили е можеби резултат на тоа дека во одредени општества на жените им е дадена помала слобода на говор или однесување во споредба со мажите.

Заради лажните профили трпат последици маркетинг кампањите на бизнисите. Од една страна, ако брендот е насочен на публика од 18 до 24 години има добри шанси рекламите да бидат прикажани на луѓе кои не се од таа возраст. Од друга страна таргетирањето на луѓето на саканата возраст може повеќе да вреди. Најдобро е огласувачите да знаат која им е целната група однапред, но колку е возможно тоа не може да се предвиди.

Едно истражување покажало дека значителен број на корисници внесол неточни информации за себе (возраст, род, локација итн.) во профилите. Како резултат на тоа брендовите кои се потпираат на демографско таргетирање ќе стигнат и до погрешна публика, а ова е веројатно да резултира во неефективни кампањи.