Мали чудни животни што живеат на планетата

Мали чудни животни што живеат на планетата

Подготвил: М.Д.

Човекот е по природа љубопитно суштество и токму тоа го носи надвор од атмосферата на планетата да истражува дали постојат други форми на живот. Но, пред да тргнете кон вселенското пространство, проверете дали ги знаете овие чудни животни, кои се жители на Земјата.

животно
Фото извор: Wikimedia Commons


Turritopsis dohrnii започнува да се развива како мала ларва, на крај се населува и формира колонии на идентични полипи. Овие полипи се растураат и формираат орда на независна сексуално зрела медуза што сака да грицка други медузи. Кога се стари и болни можат да се вратат назад како детски полипи и да формираат нови колонии. Овој раст и регресија може да продолжи засекогаш, што е еден вид бесмртност.


медуза
Фото извор: Wikimedia Commons


Лилјаците се единствените цицачи способни за летање. Кафеавиот лилјак може да јаде 1000 комарци во еден час и да живее во заедница од 1 милион лилјаци. Најголемите имаат распон на крилјата што е поголем од висината на просечниот Американец, а се со животен век од 30 години.


лилјак
Фото извор: Wikimedia Commons


Anglerfish живеат во тотална темина длабоко во морињата, имаат големи глави, а најчудна е нивната паразитска стратегија на парење. Мажјакот ги зарива забите во женката, и за возврат таа полека го апсорбира. Неговите очи исчезнуваат во нејзините абдоминални ѕидови, а потоа и остатокот сѐ додека не останат само тестисите кои таа ги носи како ѓердан.


риба
Фото извор: Wikimedia Commons


Научниците имаат тренирано пчели да играат фудбал, а најмногу учат кога гледаат други пчели како го прават тоа, што значи имаат капацитет за социјално учење. Тие препознаваат човечки ликови и знаат како да ја одредат најкратката патека меѓу летот и цвеќињата. Секоја пчела е специјално прилагодена на нејзината улога во кошницата.


пчела
Фото извор: Wikimedia Commons


Овие навидум слатки „водни мечки“ се всушност супер силни. Tardigrades можат да преживеат неколку минути на преку 150 степени или неколку ден на минус 150 степени. Можат да преживеат и вакум на отворен простор една недела. Еднаш едно вакво животно е вратено во живот откако 30 години било замрзнато. После тоа родила и доживеела да види многу генерации.


водена мечка
Фото извор: Wikimedia Commons


Кога луѓето ќе погледнат во шкампа гледаат мало суштество во оклоп во боите на виножитото. Што таа гледа е тешко да се утврди затоа што очите имаат таква структура што гледа бои кои човекот не може да ги замисли. Можат да се движат толку брзо во водата што таа околу нив всушност врие, а кога ќе се смират меурчињата емитираат експлозија на светлина за лесно да можат да го разложат пленот.


шкампа
Фото извор: Wikimedia Commons