Мизар во 80-ти: Ловци на невидливи зборови

Мизар во 80-ти: Ловци на невидливи зборови

Подготвил: Мирко Тодоровски

Никогаш не сум ја чувствувал Македонија како некоја верска забитија во која модерните звуци тешко продираат. Но можеби е тоа само до мене, не знам. И денес се прашувам како тој религиски налик на фанатизам продре меѓу луѓето и бива успешно злоупотребен од страна на мангупите. А не беше така. Или барем мислев дека не беше.

Пред да ја видиш таа светлина запри
Бакни го цвеќето
Лета меѓу нас, таа душа
Не топли небото
Станавме ловци на невидливи зборови
Љубовте пак не раздели
На извор се измив и вода се напив
Како срцето
Пред да ја видиш таа светлина запри
Бакни го цвеќето
Лета меѓу нас, таа душа
Не топли небото
Станавме ловци на невидливи зборови
Истекувам



Во Македонија секогаш имало сонце, секогаш било топло. А со топлото сонце логично следи топла и позитивна музика, слично на Латино земјите. Ние не сме латино, далеку сме од нив, далеку сме и од Шпанија на пример. Но тоа не е причина модерните звуци да не стигнат до нас. Напротив, стигнаа и рокенролот и регето, стигна и пост панкот.

Со пост панкот и Џој Дивижн, а секако и Идоли со “Одбрана и Последни дани” во Македонија воскресна православието во тие 80ти години. Малку чудно, но православната вера во Македонија прво се појави во рок музиката. Тоа беше се уште време на социјализам и во јавноста малку се зборуваше за црквата и за верата.

До ден денес, не ми е јасно како православните звуци го произведоа единственото вредно од Македонија секако комбинирано со Џој Дивижн. Веројатно на Мартин Ханет треба да му изградиме споменик во Центар на Скопје, но за жал, ретко кој го знае името на продуцентот.

Сакам да напишам текст за 80ти во Македонија и посебно рок музиката во Македонија. Но, нема баш што многу да се напише. Публиката ги слушаше сите странски групи од Америка, Англија и посебно Манчестер, па Загреб и Белград, Ријека, Љубљана итн.

А од Македонија? Мислевме дека имаме и ние.

Еве и денес после толку години се што може да кажеме е дека Бадмингтонс имаат една или две песни, Падот на Византија има три или четири и Мизар има еден албум.

Мизар! Интересно име, интересна група во која се изменија неколку солидни музички имиња, кои за жал, не можеа да соработуваат на подолги стази од причини на големо его.

Остана тој единствен албум од 88-ма кој искрено мораше да биде смекнат во продукција како би можел воопшто да биде издаден. Песните звучеа многу пожестоко на демо смимките. Звучеа многу подобро, звучеа одлично.

Светла точка е што неколку години подоцна од Мизар се изроди Анастасија како најсветол пример на Македонската рок музика.

Пишува: Мирко Тодоровски


Сите колумни на Мирко на овој линк.