Оглас за вработување во Сарафешн
Друштвото ДЕ-ТА Дејан ДООЕЛ, Скопје постои од 1999 година. Сопственик е на ланецот продавници СараФешн во Македонија и Србија и официјален застапник за брендот Пенти во Македонија. ДЕ-ТА е лидер во регионот по снабденост со чорапи, хулахопки и долна облека.
Посветени сме на развој, надградување и на задржување на своите вработени и за таа цел компанијата обезбедува структуирани процеси, процедури, ресурси и работно опкружување кои ќе го извлечат најдоброто од Вас.
ДЕ-ТА има потреба од РАКОВОДИТЕЛ НА МАРКЕТИНГ кој ќе биде нов член во Секторот за развој и маркетинг и дел од професионалниот тим на СараФешн.
Главна цел на работното место е планирање, организирање и координација на активности со цел имплементирање на зацртаната маркетинг стратегија на компанијата.
ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ
- Спроведување на планираната маркетинг стратегија
- Планирање, организирање, водење и контрола на маркетинг активности
- Дефинирање на промоции и акции
- Избор на канали и изработка на медиа планови
- Анализа на резултати од минати маркетинг активности
- Анализа на пазар и можности за развој
- Предлози за поставуање/менување на цени/попуст на нови и постоечки артикли
- Предлози за намалување на маркетинг трошоци
- Соработка со надворешни соработници
- Стајлинг и визуелно уредување на продажните места
- Предложување на активности за подигање на имиџот на брендот
- Следење на модни трендови и советување на секторот за набавка
- Континуирано усвојување нови знаења и вештини потребни за својата професија
ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ
- Високо образование од областа на маркетинг
- Работно искуство во областа на маркетинг минимум 3 години
- Работно искуство во компанија со слична дејност ќе се земе во предвид
- Одлично познавање на MS Office, особено напредно познавање на Excel
- Одлично познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола категорија Б
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
- Комуникативна и динамична личност, способна за преземање на иницијативи
- Развиени презентациски вештини, истражувачки способности и стратешко размислување
- Со одлични комуникациски и организаторски способности и ентузијазам да работи на промоција на брендот СараФешн
- Флексибилен кон промени
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
ПРИДОБИВКИ ЗА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ
- Работа во динамична атмосфера на млад и амбициозен тим
- Професионално надградување преку работа
- Можност за напредување на позицијата
Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професионален развој, Ве покануваме да аплицирате со пополнување на on-line апликациската форма и прикачување на CV и мотивациско писмо на следниот линк:
http://www.aplikimi.com/job-application-form?id=270
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!
Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.