Зошто британските полицајци не се вооружени?

Зошто британските полицајци не се вооружени?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Британската полиција побарала оружје неколку недели пред терористичкиот напад во Лондон, во кој загинаа 4 лица меѓу кои и осомничениот терорист и еден невооружен полицаец.

1

Истражувањето спроведено од Митрополитската полициска федерација (MPF) во јануари оваа година, откри дека речиси половина од учесниците сакале поголем број на специјалисти опремени со огнено оружје, додека 75% сметале дека сите полицајци треба да имаат „Taser“ - оружје за електро шок.

Повеќе од четвртина од анкетираните изјавиле дека сметаат дека полицијата треба да биде рутински вооружена, додека 6% сметаат дека процентот на полицајци кои носат пиштол за заштита е несоодветен.

Резултатите го поттикнаа претседателот на федерацијата, кен Марш да го дуплира бројот на персоналот специјално обучен за оружје на 16%.

Унијата го стави прашањето, кое е прилично контроверзно во Британија, повторно на маса во пресрет на терористичкиот напад во Ница минатиот јули во кој вооружениот Тунижанец, го возел камионот низ преполното шеталиште за време на пославата на Денот на Бастилја. Во нападот загинаа повеќе од 80 луѓе меѓу кои 10 деца. Нападот завршил тогаш кога полицијата го застрелала терористот.

„Се наоѓаме во многу поопасно општество од било кога, така што треба да имаме соодветна опрема за да се справиме со него“, изјави Марш.

„Ако го земеме за пример камионот во Ница, моите полицајци не се вооружени, така што не би имале можност да одговорат онака како што одговори француската полиција. Не бараме задолжително вооружување на сите полициски службеници, но потребни се повеќе посебно обучени полициски службеници. Мора да се држиме до построги критериуми, а критериумот за ракување со огнено оружје во Британија сè уште претставува највисоко во светот.

2

Зошто немаат оружје сите британски полицајци?


Со секој терористички напад, Британците повторно и повторно го прашуваат истото прашање.

Одговорот е дека и низ историјата поголемиот дел од британските полицајци не сакаат да бидат рутински вооружени. Дел од причината е тоа што тие сакаат да го задржат ефектот на „британски Боби“ каде односот помеѓу полицајците и јавноста е на прво место.

Во 2006 година, две невооружени полицајки биле убиени додека си ја извршувале должноста во северниот дел на Англија.

„Горди сме на британскиот стил на полициското работење и рутински невооружената полиција. За жал, и искуството од Америка и другите земји кои имаат вооружени полицајци, покажува дека и таму полицајците се соочуваат со истрели насочени кон нив.

Британската јавност сака вооружена полиција


Но не постои сомнеж дека серијата терористички напади, а особено индивидуалните напади со кои се соочува Европа, се инспирирани од Исламска држава, со што во последниве неколку години резултираше со промена на ставовите на полициските сили.

Истражувањето спроведено во јануари покажа дека 26% од Метрополската полиција сега сака да биде рутински вооружена - скок од 6% во однос на претходната година.

Британската јавност пак, долго време повикува нејзината полиција да биде вооружена. Од 2004 година националната анкета за тероризам откри дека 47% од луѓето поддржуваат вооружување на полицијата, во споредба со 48% кои се против вооружување.

И во 2007 година, во анкетата спроведена на 2.156 луѓе открива дека 72% од нив сакале видат повеќе вооружени полициски патроли.

Терористичкиот напад во Лондон повторно ги поттикна луѓето да бараат британската полиција да носи оружје, особено во Лондон и особено оние полицајци кои обезбедуваат важни обележја како што е Вестминистерската палата.