Германија бара работници - 150 евра дневница

Германија бара работници - 150 евра дневница

Подготвил: Тамара Гроздановски

германија

За берење аспарагус дневниците се движат и до 150 евра, но ако сакате да се занимавате со оваа работа тогаш добро би било да знаете неколку важни факти.

Од оваа година, оваа работа се плаќа минимум 8.60 евра на саат, нешто повеќе од минатата година. Оние кои имаат искуство со берење аспарагус можат да достигнат саатница и до 150 евра. Берењето аспарагус за германски услови е слабо платена работа.

Ќе живеете и спиете заедно со другите работници, а ќе имате и заедничка бања. Сместувањето не е исто секаде, но едно нешто е заедничко - никаде не е луксузен.

Од платата се одземаат трошоците кои работодавачот ги има за вас - ручек (ако тој ви го обезбедува) и сместување. Исто така, од саатниците кои ви се плаќаат исклучете ја паузата, бидејќи таа во Германија не се плаќа.

Работниот ден воглавно трае 12 до 13 часа. Може да земете една или две паузи од 15 минути за јадење, која потоа се одбива од вкупните работни часа. Во исклучителни случаи, кога аспарагусот од потоплите временски услови расте побрзо, се работи и до 20 саати на ден. Од друга стана, ако врне дожд, тогаш ќе работите 4 до 5 саати на ден. Работата е прилично тешка, се работи и во недела и во празници, а со оглед на тоа што берењето на аспарагус бара постојано наведнување, работата е само за оние кои немаат проблеми со грбот.

Аспарагусот се бери во период меѓу април и јуни, во зависност од времето. Но, со оглед на тоа што температурите во февруари беа повисоки, сезоната оваа година веќе започна.

Станува збор за работа која ја извршуваат воглавно работници кои не се од Германија, а познавањето на германскиот јазик не е многу важно, односно не е предуслов за извршување на оваа работа.