Работа од соништата - Патување низ светот и плата од 9200 евра

Работа од соништата - Патување низ светот и плата од 9200 евра

Подготвил: Тамара Гроздановски

патување

Убаво време за продолжен викенд, добивка на лото, чоколадо од јаготки... Некои работи во животот звучат премногу добро за да бидат вистинити.

Сепак, сите овие работи се ништо во споредба со овој неверојатен оглас за работа. Компанија е во потрага по некој кој би можел да патува низ светот и да престојува во луксузни домови вредни милиони долари.

Најдоброто? Платата изнесува 9.200 евра, плус покриени патни трошоци. Компанијата „Third Home“ е во потрага по некој кој ќе може да ја работи оваа „тешка“ задача цели три месеци.

Кандидатот мора да разбере и цени луксуз, да има одлични вештини за пишување и искуство во патување.

Имате 6 дена да аплицирате!