Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Red Bull Doodle Art - Чкртање во трета димензија во Македонија

 
Постои едно нешто што е заедничко за сите студенти ширум светот: нивниот скриен уметнички талент се истакнува преку чкртање во текот на предавањата, а се почнува со основниот прибор, молив и лист. Уметноста во нејзиното најдобро издание ќе се случи по трет пат во Македонија, како дел од светскиот настан Red Bull Doodle Art.


 
Чкртањето е универзална навика што ги обединува студентите од различни култури на планетата Земја. Сите чкртаат! Преку 50 илјади студенти од над 1.000 универзитети во 40 земји од светот, ќе ни го покажат начинот на кој што тие ја доживуваат уметноста на чкртањето. На тој начин, Red Bull Doodle Art ја обезбедува платформата за секој од нив да може да ја спроведе својата инспирација и фантазија во уметност. Чкртањето нема правила, нема ограничувања – тоа е слобода на изразување!
 
Во текот на месец април, студентите во Македонија ќе можат да ги приложат своите неверојатни уметнички дела и да гласаат за најдобрите чкртаници во својата земја преку www.redbulldoodleart.com каде што е лоцирана глобалната платформа. Годинешното издание ќе биде одбележано со серија од настани, сите со цел да им се даде на студентите шанса што повеќе да чкртаат. Red Bull Doodle Art ќе ги собере највлијателните уметници на првото случување во Скопје заканажано во локалот „Кантина“, а потоа ќе следат и посети на факултетите, што ќе резултира со големо национално финале на крајот од април. Тогаш специјалното жири ќе одлучи кој ќе ја претставува Македонија на големото светско финале.
 
Глобалниот завршен настан на Red Bull Doodle Art 2017 ќе се случува по втор пат и ќе претставува возбудливо финале, искуство на виртуелната реалност. Имено, сите национални победници добиваат единствена шанса да се натпреваруваат во завршницата која што ќе се одржи на возбудлива локација. Претходно, ќе добијат шанса да ги подобрат своите уметнички вештини со цртање во три дименизии (3D) преку соодветен тренинг, за на крајот да го креираат и своето завршно уметничко дело чкртајќи во 3D. Финалното ремек дело ќе биде изложено во виртуелната галерија каде што љубителите на уметноста во целост ќе можат да го доживеат чртањето од целиот свет во виртуелната реалност. За глобалниот победник ќе одлучува судиски панел.

 

Првата глобална галерија Red Bull Doodle Art беше претставена во Кејптаун, Јужна Африка, во 2014 година. Тогаш, студентот на индискиот универзитет, Сантану Каушик со чкртање стигна до победата. Хиндуизмот и спиритуалноста беше она што го инспирираше да го начкрта победничкиот цртеж. Македонија на ова натпреварување беше претставена од Матеј Тодоровски, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје.
 
- Победата на Red Bull Doodle Art 2014 претставуваше пресврт во мојот живот каков што не очекував. Победата направи да добијам поголема самодоверба во својата уметност и правец во кој одев. Никогаш порано не сум одел во уметничко училиште, ниту сум имал нечија поддршка. Самиот научив да цртам. Ми беше тешко да се изборам за мојата уметност, а Red Bull Doodle Art ми ја даде шансата да му се претставам на светот, па денеска сум илустратор, современ уметник што ја истражува својата визија. Чкртам секој ден, ми стана секојдневна навика, без оглед каде сум и што правам, а наскоро ќе издадам и неколку книги,- вели Сантану Каушик.
 
Што е чкртаница?
Цртеж без фокус што се црта додека мислите ви се окупирани со други нешта.
 
Што е Red Bull Doodle Art?
Натпреварување кое се одржува ширум светот меѓу студентите, при што тие ги приложуваат своите чкртаници за оценување по основ на стилот и креативноста. Еден чкртач од секоја земја ќе биде повикан на глобалното финале и ќе се натпреварува против студентите од целиот свет. Победничкото дело од секоја земја ќе биде изложено во Глобалната виртуелна галерија. На изложбата ќе биде прогласен еден меѓународен победник.
 
Кој ќе биде крунисан како глобален победник во Red Bull Doodle Art 2017?
Ќе дознаеме наскоро!
 
За повеќе информации околу земјите учеснички, како и за начинот на кој што можете да го пријавите своето дело, посетете ја страната www.redbulldoodleart.com, #doodleart
 
Објавено на 25.03.2017 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Конкурси