ФДУ го слави светскиот ден на театарот со маратон

ФДУ го слави светскиот ден на театарот со маратон

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Со што да се прослави светскиот ден на театарот, ако не со многу театар? Академската сцена на Факултетот за драмски уметности денеска од 12 часот ги кани сите љубители на театарот да дојдат и заеднички да уживаат во театарските дела создадени од студентите и професорите на ФДУ.



Точно на пладне ќе бидат прочитани светската и македонската порака за театар, чии автори годинава се француската актерка Изабел Ипер и македонскиот костимограф и режисер Благој Мицевски.

-Театарот постоел насекаде. Од Теспис преку актерите-патувачи, потоа Ајсхил, Софокле, Еврипид, подоцна Брехт, Чехов - најдобрите автори на сите времиња. Театарот е како жива материја...

Постоел и ќе постои засекогаш... Но во 1961 година е прогласен светскиот ден на театарот, со цел да се промовира мир и пријателство помеѓу различните нации, кои меѓусебно ќе соработуваат и разменуваат искуства од областа на уметностите.

Театарот е една од најсуптилните, но динамични уметности кои преку глумата на талентираните актери, пренесува најразлични чувства и емоции кои авторот сака побликата да ги почуствува, да се соживее и конечно да го добие максималното чувство на прочистување - катарза. Ние годинава ќе се погрижиме за вашето уметничко прочистување заедно со нашите колеги од останатите уметнички факултети, од ликовна, музичка академија и архитектура – велат од ФДУ.

Еве ја програмата за цел ден:

14 часот„Пак три сестри“ - испит по предметот Актерска игра 4 на студентите од трета година на катедрата за драмски актери во класата на Проф. Зоја Бузалковска и Доц. Александар Степанулески.

17 часот – ‘’СЛИВОМОНИЈАДА‘’ - испит по предметот Актерска игра 1 на студентите од втора година на катедрата за драмски актери во класата на Проф. М-р Мими Таневска

19 ч - ДРАМСКО ЧИТАЊЕ ( драматургија)
'' Брала мома капини" - Марина Трајковска
'' Има нешто сјебано'' - Moна Паскалова

20:30 ч. “ТРОН '' - испит по предметот Актерска игра 5 на студентите од четврта година на катедрата за драмски актери во класата на проф. Д-р Сузана Киранџиска и асистент М-р Кристина Леловац.

22:30- Свирка на Lazy Drinкers

***** 12:00 – Свечено отворање и читање на пораката за светскиот ден на театарот