Неша Бриџис со урнебесна натсинхронизација на ТОП ТЕМА

Неша Бриџис со урнебесна натсинхронизација на ТОП ТЕМА

Најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“ ги угости популарниот стенд-ап комичар Неша Бриџис и еден од нашите најпознати пејачи, Даниел Кајмакоски.

Двајцата се дружат и приватно, а заеднички пријател им е Жаре. Затоа, не одбија ништо во оваа урнебесно гостување. Неша натсинхронизираше политички дебати, го имитираше Аки Ракимовски, зборуваше за најинтимните работи во бракот и многу повеќе. Кајмакоски пак, се пофали со новата улога - татко на малиот Давид, зборуваше за својата сопруга и авантурите од шоуто Твоје Лице Звучи Познато.

Целата епизода е веќе на Јутјуб каналот на „Еден на Еден“. Уживајте: