Работи кои пред децата треба да се премолчат

Работи кои пред децата треба да се премолчат

Подготвил: Маја Пероска

Непрестано на телевизија слушаме лоши вести, па секој родител е свесен дека сепак некои работи не сака да ги дознае неговото дете. Детето мора да научи да го почитува животот, здравјето, слободата и храната, па гледањето вести во кои се говори за злоупотреба на деца или на работа може да ги збуни дечињата.

фото извор: 6yka.com

Како детето да стане повеќе свесно за светот колу себе? Тоа за родителот е голем предизвик. Како детето да ги научи вистинските вредности кога сме опкружени со потполно различни општествени стандарди? Родителот треба добро да размисли пред да подели некои настани и ситуации со детето и секогаш треба да ја следи реакцијата на детето.

Тешко е да се објасни зошто на другиот дел од светот се убиваат невини деца, зошто воопшто доаѓа до војни, зошто луѓето сакаат да нанесат зло на другите. Детската наивности ќе не потсети на вистинската чистота и искреност која со години полека бледнее.

Приказните за убиства или киднапирања не би требало да се зборуваат пред децата бидејќи би можеле да предизвикаат страв проследен со несоници и кошмари. За секоја лоша вест која ќе дојде до вашето дете, обидете се да коментирате некои убави настани кои се случуваат околу вас.

Детето треба уште од мало да се учи за природата која не опкружува, но да се избегнуваат документарни филмови за опасни животни кои би можеле да го исплашат детето. За што поубаво детство, родителот треба да се обиде да не го вовлече во тешки теми како што се политика, војна, глад во светот, туку да се обрне внимание на љубовта, храброста и сето она што е убаво и го има во нашето опкружување. Лошите работи секако самото дете ќе ги учи и ќе се соочи во текот на животот.