Времето во Македонија во наредниот период

Времето во Македонија во наредниот период

Денес е вторник, 28 март 2017 година, 87-иот ден во годината.. Сонцето изгреа во 06:19, а ќе зајде во 18:58 часот. Денот ќе трае 12 часа и 39 минути.

Во Македонија ова утро имаме ведро и постудено утро со утрински температури кои се под просекот за овој период од годината. Локална облачност има во крајните југозападни предели која веќе се намалува но услови малку повисоки утрински температури во тие предели.

МАКЕДОНИЈА - По студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на максималните температури. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринската температура од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе имаме претежно сончево и потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови стабилизација на времето и пораст на температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во среда по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот сончево и топло со дневна температура о 11 до 22 степени. Сончево и надпросечно топло ќе биде и во четврток, петок и сабота, утринските температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе го продолжат својот пораст, од 12 до 23 степени во четврток и петок, односно од 13 до 24 с>тепени во сабота.

Weather4all.com.mk