Парламентот на Шкотска го поддржа новиот референдум за независност

Парламентот на Шкотска го поддржа новиот референдум за независност

Подготвил: Тамара Гроздановски

шкотска

Шктоскиот парламент го поддржа предлогот на премиерката Никола Страџен да се одржи референдум за независност на оваа земја. Предлогот беше поддржан со 69 гласови за и 59 гласови против.

Референдумот би требало да се одржи до крајот на 2018 или почетокот на 2019 година кога ќе биде дефинирано излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Шкотска на референдумот во 2014 година гласаше против независноста, но Страџен тврди дека од тогаш се промениле околностите. Претходно таа не можела да се договори со британската премиерка Тереза Меј во врска со референдумот.

„Мојот став не се промени и е едноставен - сега не е добар момент да се зборува за друг референдум за независност Во моментот кога започнуваме преговори за напуштање на Европската унија треба да бидеме повеќе соединети, а не да се делиме“, изјавила Меј.

„Би било неправедно да бараме од шкотскиот народ да донесе толку важна одлука пред сите факти да бидат познат и во моментот никој не знае каква ќе биде ситуацијата“, додала таа.

Меј претходно ја истакна важноста за одржување на британската сила и стабилност пред подготовките за излегување од ЕУ.

„Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска се незапирлива сила, а различните делови на британската унија не смеат да се разделат“, смета Меј.

Британската премиерка смета дека планот на Никола Старџен во врска со одржување на референдум внесува поделба.