Времето во Македонија до крајот на месецот и какво време да очекуваме во првите денови од наредниот месец?

Времето во Македонија до крајот на месецот и какво време да очекуваме во првите денови од наредниот месец?

Денес е среда, 29 март 2017 година, 88-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 18:59 часот. Денот ќе трае 12 часа и 42 минути.



И денеска денот го започнуваме со постудено утро во однос на вообичаените температури за овој период од годината. Во утринските часови насекаде над Македонија е ведро а тоа ни значи и претежно сончево време.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро, во Македонија во текот на денот ќе биде претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од месец март со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 12 односно до 22 степени. Во текот на денот ќе дува и доумерен северозападен и североисточен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска претежно сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб сееврозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток потопло утро со утрински температури кои ќе се движат од -1 до 7 степени. Во текот на денот претежно сончево и надпросечно топло време со температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 13 односно до 23 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 13 односно до 22 степени. Во сабота сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат од 14 до 23 степени. Идентични максимални температури не очекуваат и во недела, со напомена што претпладне ќе биде претежно сончево, додека пак попладне се очекува наоблачување.

Weather4all.com.mk