Земји кои ќе ви платат за да се доселите

Земји кои ќе ви платат за да се доселите

Подготвил: Маја Пероска

Од пропаднати големи градови, до малечки градови со само педесеттина жители, бараат било кој да дојде да живее во нив.


Ако сакате промена на темпото на живот и ви здосадила монотонијата на вашиот град, зошто да не се отселите? Секако, селењето е стресно и скапо, но постојат некои места кои дури и ќе ви платат ако се доселите во нив.

Алјаска

Ако сакате зима, Алјаска е местото за вас. Алјаска со задоволство ги поттикнува луѓето да се доселат. Секој жител добива 2 илјади долари само затоа што живее таму.

Њу Хејвен, Конектикат

Домот на Универзитетот „Јејл“ има проблем со криминал и неодамна е прогласен за втор најопасен голем град во САД. Заради тоа, градот нуди 10 илјади долари позајмица за купување на недвижнини. За позајмицата нема камати, а ако живеете таму подолго оф пет години, позајмицата ќе ви биде простена. Жностите, а ако живеете подолго од 10 години, ниту таа позајмица не мора да ја враќате. И на средношколците кои имаат добри оценки им се нуди школување во било кое училиште во Конектикат.

Балтимор

Уште еден град кој има проблем со криминалот. На потенцијалните доселеници им се нудат 5 илјади долари за купување недвижности, а ако сакате да купите напуштена куќа, било каде во градот, ви нудат 10 илјади долари.

Детроит

Добивате 20 илјади долари заем ако купувате недвижности во градот, под одредени услови, а нема да треба да го вратите.

Поголемиот дел на Канзас


Градот нуди потполно бесплатно парче земја за градење на семејна куќа. Но, државата нуди и даночни олеснувања или отплата на студентски кредит, само треба да се одлучите да живеете во руралниот дел на државата.

Њу Ричланд, Минесота

И ова место нуди земја за градба на семејна куќа. Ако ве привлекува живот на температури под минус, ова е местото за вас.

Пајпстон, Манитоба

Дури и Канада има проблем со одлив на жители, па и на ова место се нуди земјиште. Земјиштето не е бесплатно, но се нудат 32 илјади канадски долари за поттик.



Остров Матсујкер, Тасманиа

Недалеку од јужното крајбрежје на Тасманиа, секоја година на ова место се бараат волонтери кои ќе живеат неколку месеци во потполна самотија. Волонтерите треба да поднесуваат извештаи за времето, да го одржуваат светларникот и да пазат на инфраструктурата.

Село Мишима, Јапонија


Во селото останале само 400 луѓе и повеќето се стари. Местото нуди 800 долари за преселување и дополнителна месечна помош за навикнување на тамошниот живот. Ако имате дете, ќе му биде платено школување.

Остров Питкаим, Јужен Пацифик

Еден од најоддалечените острови на светот, со само педесет жители. Се нуди земјиште за привлекување на нови луѓе, но до сега сао едно лице прифатило. Можеби затоа што имаат само една продавница која работи три дена во неделата и се мора да се нарачува од Нов Зеланд на секои три месеци.