Еден на Еден: Јана Бурческа оди на победа во Киев

Еден на Еден: Јана Бурческа оди на победа во Киев

И оваа сабота ве очекува одлично издание на најгледаното ток-шоу во земјава, “Еден на Еден”. Гостинка во студиото е нашата овогодинешна преставничка на “Евровизија”, Јана Бурческа, а Жаре ги угости и Марко и Нина, кои се дел од новата кампања на УНИЦЕФ.

Јана зборуваше за тоа кои биле најлошите песни кадидатки за “Евросонг”, која колешка прва и се јавила да и честита за изборот, имитираше позанти евровизиски настапи, а Жаре пак откри кое е нејзиното момче... Нина - ѕвездата од социјалните мрежи и главна улога на новата кампања на УНИЦЕФ, заедно со Марко раскажа се за оваа идеја со супер цел.

Дефинитивно не чека уште една забавна епизода. Ја гледаме на Телма, оваа сабота во 19 и 15 часот.