Броеви што ги дефинираат следните 100 години

Броеви што ги дефинираат следните 100 години

Подготвил: М.Д.

Од енергија до животен век, овие основни статистики можат да го дефинираат следниот век на Земјата.

свет
Фото извор: American Hindu Singles


Како ќе расте бројот на светското население?

До 2100 ќе има 11,2 милјарди жители според Обединетите Нации. Постои можност оваа бројка да порасне и до 16,6 милјарди, или да биде само 7,3 милјарди или помалку од денес. Но, во сите сценарија на ОН бројот на населението расте до 2050 година.


1
Светското населени секоја година ќе се зголемува за 83 милиони / Фото извор: bbc.com


Зошто просечната возраст расте?

Затоа што живееме подолго и имаме помалку деца просечната возраст расте. Во 1950 многу луѓе не го дочекале 50-тиот роденден. Денеска очекуваниот животен век е 71 години, а до 2100 се очекува тој број да биде 82. Тоа исто така значи дека и ќе бидат родени помалку нови луѓе да ги заменат.


2
Просечната возраст во светот до 2100 ќе биде 42 години / Фото извор: bbc.com


Каде ќе живееме?

До 2030 ќе има 41 мегаградови со повеќе од 10 милиони луѓе. До 2050 две третини од нас ќе живеат во урбаните области или вкупно 6,3 милјарди. Густо населените градови ќе можат да го сместат секој на изненадувачки мала земја.


3
66% од светското население ќе живее во градови / Фото извор: bbc.com


Од каде ќе доаѓа енергијата во светот?

Денес поголемиот дел од енергијата што се користи, 86% доаѓа од фосилните горива. Обновливите извори на енергија чинат само 10%, но овој процент брзо расте. Глобалнана соларна потрошувачка на енергија е порасната за 7,5 пати од 2010 во 2015 година.


4
Глобалната потрошувачка на соларна енергија од 2010 до 2015 е зглемена за 664% /
Фото извор: bbc.com



Колку е веројатно Вашата работа да биде автоматизирана во иднина?

Речиси половина од работните места во САД ќе бидат завршувани од робот или компјутер според истражување на универзитетот во Оксфорд. Но, некои работни позиции е поверојатно да бидат автоматизирани од други. Работите кои бараат креативност, рачна умешност или емпатија може да опстојуваат подолго.


5
47% од работните места во САД ќе бидат автоматизирани / Фото извор: bbc.com