„Епл“ најавува воведување на технологија со проширена реалност

„Епл“ најавува воведување на технологија со проширена реалност

Подготвил: Б.Б.


Девојче со VR хедсет вози велосипед
(Фото: Pixabay)

Откако ја презеде водечката позиција во „Епл“ во 2011 година, извршниот директор, Том Кук, не престана да зборува за воведување нови технологии. Беспилотни автомобили, вештачка интелигенција, стримување телевизиска програма итн. Но, ниедна од споменатите технологии, не го возбуди како проширената реалност која преклопува слики, видеа и видеоигри со реалниот свет. Според него, сите ние „секојдневно ќе искусуваме проширена реалност, исто како што практикуваме три оброци дневно. До толку ќе ни срасне во животот.“

Инвеститорите се нетрпеливи за следниот пробив на „Епл“, а оние кои се во тек со плановите на овој бренд, велат дека „Епл“ имаат голема амбиција да им ја направат достапна оваа технологија на широките маси.

„Епл“ изгради тим сочинет од искуството на ветераните во домените на хардверот и софтверот и од талентирани надворешни луѓе. Тимот го води поранешниот извршен директор на Dolby Laboratories, а вклучени се инженери кои работеле на хедсетот за виртуелна реалност, Oculus и HoloLens и волшебници за дигитални ефекти од Холивуд. Исто така, „Епл“ ангажираше неколку помали фирми изверзирани во наменски (AR) хардвер, 3D видеоигри и софтвер за виртуелна реалност.

Според претходните известувања на „Блумберг“, „Епл“ работи на неколку продукти за проширена реалност, вклучувајќи дигитални очила кои можат безжично да се поврзат со ајфонот и да пренесуваат содржина – филмови, мапи и многу друго.

Од „Епл“ веруваат дека оваа технологија полесно ќе се продава бидејќи помалку се наметнува.