Мистериозен блесок ги збуни научниците

Мистериозен блесок ги збуни научниците

Подготвил: Б.Б.


Вселенска светлост
(Фото: NASA)

Во галаксија оддалечена 10,7 милијарди светлосно години од Земјата, биле забележани космички експлозии кои траеле по неколку минути.

Се случиле во 2014 година, траеле вкупно неколку часа, а оттогаш не е емитувана никаква друга енергија, пишува „Индипендент“.

Ова е првпат научниците да проучуваат настан од овие размери и истакнуваат дека сè уште немаат одговор за што станува збор.

„Сосема е нормално да сме посведочиле целосно нов тип катаклизмичен настан во вселената. Што и да било во прашање, ќе мораме да спроведеме дополнителни истражувања за да разбереме што всушност сме виделе“, изјавил Кевин Шавински од универзитетот ЕТХ во Цирих.

Моменталните претпоставки се дека станува збор за последни моменти на неутронска ѕвезда, бело џуџе или масивна ѕвезда.

Фотографиите што ги направи Вселенската рендгенска опсерваторија Чандра, можете да ги видите на овој линк.