Што се случува со еврото?

Што се случува со еврото?

Подготвил: М.Д.

Еврото доживеа двонеделен минимум откако податоците покажаа дека инфлацијата во контекст на валутниот влок во март се намали многу повеќе отколку што се очекуваше.

евро
Фото извор: thinkstock.com


Тоа
падна 1% во однос на доларот што е најлошо движење во последните 7 недели, затоа што инвеститорите ги ревидираа своите очекувања во врска со термините кога Европската централна банка ќе започне со нормализирање на монетарната политика.

Имено тоа ослабнало додатни 0,1 процент на 1,0670 долари, што е најниско ниво од 15 март, по објавувањето на податоците дека инфлацијата во март изнесува 1,5% на годишно ниво.

Доларот кој ги има остварено бенефитите од слабеењето на еврото изминатата недела, како и поради солидните податоци за економијата на САД, се зголеми за 0,2%, па доларскиот индекс изнесуваше 100,55 поени.