Времето во Македонија во наредните пет дена

Времето во Македонија во наредните пет дена

Денес е четврток, 6 април 2017 година, 96-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:17 часот. Денот ќе трае 9 часа и 22 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно време а локално има и врнежи од дожд во регионите на Тетово, Струмица, Крива Паланка, Кочани како и во крајните западни предели. Овие врнежите во наредните часови ќе се прошират и во останатите предели од Македонија.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови нестабилно со врнежи од дожд кои во раните претпладневни часови ќе престануваат и намалување на облачноста. Но попладне повторно ќе имаме развој на нестабилност која што ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд. И денес во југоисточните предели како и централните предели долж Повадрадието попладне ќе останат без врнежи. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 21 степен.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно со услови за слаби врнежи од дожд кои што попладне ќе престанат. Во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Доцна попладне повторно со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на температурите, утринските од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 7 до 18 степени. Во сабота по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 7 до 18 степени. Во недела и понеделник студено утро со утрински температури од -3 до 5 односно од -2 до 6 степени, а во текот на денот ќе биде сончево и многу потопло време со максимални температури кои што ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 11 до 22 односно од 13 до 24 степени.

Weather4all.com.mk