Комплетна онлајн архива од култното списание „Rock scene“

Комплетна онлајн архива од култното списание „Rock scene“

Подготвил: Маја Пероска

На веб страницата „RockScenester“, креирана од Рајан Ричардсон, постои комплетна онлајн архива на списанието „Rock Scene“, кое се објавувало од 1973 до 1982 година.


фото извор: rockscenester.com

Се работи за култно списание во кое биле документирани кариерите на „glamrock“ и „punk rock“ бендовите. Особено биле прикажувани и активностите од бекстејџот, како и забавите на познатите личности.

Секое издание на списанието од првиот до последниот број, се прикажани со насловната страна. Можете да ги вртите страниците на списанијата, испишани со информации за најголемите музички имиња како Дејвид Боуви, Роберт Плант, Иги Поп, Пети Смит и други. Достапност до целата архива имате на овој линк.