Ликот на Хитлер меѓу важните историски личности во холандска детска боенка

Ликот на Хитлер меѓу важните историски личности во холандска детска боенка

Подготвил: Тамара Гроздановски

хитлер боенка
Фото: EPA

Управата на холандскиот синџир на продавници „Kruidivat“ не можела да објасни како некогашниот нацистички лидер Адолф Хитлер се нашол на една од нивните боенки, што предизвикало силни реакции кај холандската јавност.

„Се извинуваме, жал ни е. Навистина не знаеме како се случи тоа“, изјавил портпаролот на продавниците.

Боенките се повлечени од продажба откако на Фејсбук страната на продавницата започнале да пристигнуваат поплаки. Станува збор за боенка со историски личности, а од управата тврдат дека воопшто не знаеле дека меѓу великаните како Нелсон Мандела, Абрахам Линколн и Алберт Ајнштајн се нашол и нацистичкиот злосторник.

Од управата наведуваат дека боенката била печатена од компанија од Белгија и се чини дека никој не проверил кој сè се наоѓа во неа. Пред да ја повлече од полиците, боенката била на продажба повеќе од ден.

„Сите оние кои ја купија боенката можат да ги добијат своите пари назад“, изјави управата на синџирот на продавниците.