Писмо од студент од Србија до својот татко: „Ова нема никаква врска со политика. Има врска со животот на сите нас“

Писмо од студент од Србија до својот татко: „Ова нема никаква врска со политика. Има врска со животот на сите нас“

Подготвил: М.Д.

Студентите во Србија кренаа многу прашина на Балканот со протестите кои се во тек. Едно момче од Крушевац успеа со свој статус на Фејсбук за изборите да ја подигне Србија на нозе.

протести
Фото извор: бука.com

Еве што вели тој:

Ме прашува татко ми што е целта на сите овие протести, а гледам дека и останатите се прашуваат за тоа и зошто на изборите не ја срушивме власта ако не ни одговара. Ќе почнам со ред. Читај татко, а читајте и вие останатите...

Претседателските избори се само причина за она што пулсира кај народот со години. Луѓето кои се на улиците не сакаат веќе да немаат работа затоа што не се од Српската напредна партија. Немаат никакви права затоа што не се од партијата. Немаат никаква иднина во Србија ако не се од партијата. Студентите се на улица затоа што не сакаат веќе некои мали лигави луѓе со купени дипломи и плагијати да им ги земаат местата, а тие да ги остават семејствата за да побараат живот во други држави каде што таа диплома ќе им служи на целите. Не сакаме веќе пријателите, семејството и познаниците да ни заминуваат во Германија, Италија, Швајцарија, Австрија итн. Исто така, не сакаме нашите деца да се лечат со СМС пораки и да умираат додека власта да се истакнува на билбордите, рекламите по бандерите и плакатите 365 дена во годината. Разбирате ли? Не сакаме да седиме и да ве гледаме само вас на телевизија, и постојано да не манипулирате. Сакаме луѓето да видат дека постои и некој друг во оваа држава кој не е само Вучиќ! Не сакаме веќе часот на работа да се плаќа 130 денари и во сопствената земја да не експлоатираат Корејци, Јапонци, Германци, Американци, Руси, Швеѓени туку да не плаќаат исто како и нивните работници во нивните земји. Ако не сакаат нека си одат. Не сакаме веќе децата да плаќаат за учебници и во градинките да се влегува со врски. Не сакаме да бидеме заплашувани со војни преку информациите ниту граѓански, ниту со соседите Хрвати, Словенци, Босанци, Македонци и Црногорци, да пишува секој ден за државни судири, атентатори и други глупости. Не сакаме веќе да не претепувате на улица, да ни ги убивате децата, татковците, новинарите, да ни ги рушите куќите, да ни се заканувате со извршители, да не држите на работа по 3 месеци, да не искористувате додека работиме на црно, да не малтретирате и уценувате со работа, егзистенција, семејство, полиција и судови.

Не сакаме веќе да ни зборувате дека сме олош, неработници, наркомани, соросоиди додека ослободувате тајкуни, криминалци и мафијаши. Не сакаме веќе неколку луѓе да ни го креираат цел живот и да не бираат додека не делат на нивни и туѓи по партиска книшка! Не сакам да знам ни кој е претседател, ни кој е премиер, ни кој е министер, ни кој е градоначалник, ништо!
Ова нема врска со политика. Има врска со животот на сите нас. Млади стари, тоа не е важно.

Тоа се брани на улиците овие денови, не власта, туку честа. Ништо повеќе. Треба да Ви е срам што воопшто прашувате после 27 години мачење во оваа патетична Србија зошто сме на улица! Срам да Ви е што молчите, ја наведнувате главата и глумите демократско друштво и што сте дозволиле студентите и децата да ја бранат оваа јадна држава која сте ја оставиле каква што е денес! Срам да ви е на вас пензионерите што сте дозволиле да ги издржувате своите деца и внуци, што не можеме да се вработиме, да градиме куќи, да купуваме домови, да го наполниме фрижидерот како што вие некогаш сте можеле. Срам да ви е за секој сендвич, детергент, брашно, сол, шеќер, и пари кои сте ги земале и на кои сте се согласиле за во текот на цели 27 години да имаме војни, сиромаштија, распаднати институции и држава во хаос! Срам да ви е за сѐ. Децата ви се на улица затоа што сте немале храброст да се борите за нас. Затоа ние се бориме сами за себе.

И само да молчите затоа што сте молчеле и кога не требало!

Некому власт, некому чест!

Ете тоа е целта.

Извор